УЕФА и ЕКА пресекоа, првенствата да се завршат до крајот на јули

by
1 минути читање

Од УЕФА и ЕКА (европска
клупска асоцијација) наводно веќе се согласиле првенствата да бидат завршени
најдоцна до крајот на јули, со тоа што месецот август во целост би бил
препуштен за Лигата на шампионите, односно Лига Европа.

Шпанскиот весник „АС“
информира дека од Европската клупска асоцијација се обврзале на тоа да се
обезбедат сите неопходни услови за домашните првенства да добијат завршница
најдоцна до 31. јули, иако одредени медиуми претходно навестуваа дека некои
првенства, па дури и поголемите веројатно дека ќе влезат и во август за целосно
да се комплетира актуелната сезона.

Извесен период
беше шпекулирано дека од Европската куќа на фудбалот ќе користат коефициент на
рејтинг за влез во елитните европски натпреварувања, меѓутоа до тоа нема да
дојде, барем не според најновите информации кои пристигнуваат.

Од УЕФА наводно
ќе препуштат на фудбалските федерации да одлучат каква ќе биде финалната
разрешница околу табелите и излезот во европските натпреварувања, како што е
примерот со Белгија и Холандија кои ставија клуч на овосезонските фудбалски
возбудувања.

Интересна е
најавата околу варијантата за излез во Европа од домашните купови низ
првенствата, во случај истите да не би можеле да се комплетираат, на крајот
веројатно е дека би решавал моменталниот пласман на табелата во шампионатот,
односно кој котира повисоко.

Сите детали околу
овие најави ќе се дискутира на утрешниот состанок на УЕФА, по два дена видео
конференциски разговори со претставниците на 55те членки. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани