Репрезентацијата на Македонија до 21 година денеска од 18:00 часот и гостува на Австрија во шестиот натпревар од квалификациите за ЕП 2019.
На овој меч Македонија ќе биде без селекторот Благоја Милевски кој доби суспензија од еден натпревар поради реакции на судиските одлуки на мечот со Русија кога во последните минути не ми беше дозволено да направи замена.
„Репрезентацијата за мене секогаш ќе биде над се. Додека сум на оваа позиција секогаш ќе ги бранам интересите на нашата селекција и никогаш нема да дозволам некој да се подигрува со угледот на тимот и федерацијата која ја претставувам. Уште повеќе по нечиј одлуки кои го газат трудот на фудбалерите и прават да се чувствуваме дека сме со пониска вредност во однос на противникот. Правилата се јасни, имаме право на замена во судиското надополнување, но не ни дозволија иако имаше две можности тоа да го направиме. Репрезентацијата вечерва ќе ја предводат Роберт Стојановски и Звонко Златановски. Се надевам дека ќе бидеме исто толку мотивирани и борбени како против Русија. Ако одиграме на тој начин, нема причина за грижа, сеедно каков ќе биде исходот. За нас фудбалот треба да биде на прво место и на тој начин и се однесуваме”, изјави Благоја Милевски.