Францускиот првак
Париз Сент Жермен нема да биде казнет од страна на Европската куќа на фудбалот
поради непочитување на финансискиот фер-плеј.
Уште од септември
ланската година УЕФА отвори истрага против францускиот тим откако го доведоа во
своите редови Бразилецот Нејмар за 222 милиони евра.
Клубот нема да
сноси никакви последици, но УЕФА под будно око ќе ја прати целата ситуација
околу трансферот на Килијан Мбапе од Монако, кој и официјално треба да се случи
ова лето за околу 180 милиони евра, бидејќи тој досега настапуваше како
позајмен. Договорот со Монако беше пред стартот на новата сезона да бидат издвоени 145 милиони евра, а 35 милиони евра ќе бидат исплатени низ разни бонуси.
Тоа што е јасно,
ПСЖ ќе мора да продаде одредени фудбалери од својот тим и да дојде до 60 милиони
евра до крајот на овој месец за да избегне санкција.