Селекцијата на
Македонија за фудбалери до 21 година денеска загуби од Русија со 3-4 во мечот
кој се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, а по првите 45
минути игра резултатот гласеше 1-2 за гостинскиот табор.
Облаков во 25.
минута ги доведе Русите во почетно водство, а во 37. минута зголеми Мелкадзе.
Амановиќ со голот
од пенал во 41. минута намали на 1-2, а во второто полувреме Петковски во 64.
минута веќе израмни на 2-2.
Мелкадзе со
својот втор гол на мечот, овој пат во 69. минута повторно ги доведе гостите во
водство, а Амановиќ погоди по втор пат за 3-3 во 86. минута.
Избраницие на
Милевски имаа бод од дуелот со големиот фаворит, но го прокоцкаа во 94. минута
кога Бакаев донесе победа од 3-4 за Русија, а ќе издвоиме дека во завршницата
од средбата Амановиќ доби втор жолт картон и по автоматизам предвреме беше
испратен во соблекувалната.
По пет одиграни натпревари, Македонија со три бода засега е закована на дното од табелата во квалификациската група „7“, по единствената, гостинска победа кај Ерменија со 0-3 по одличниот старт, по кој следеа разочарувачки резултати, меѓу другото и шокантниот пораз кај Гибралтар.