Тутоспорт: Продажбата на Манџукиќ и Џан ослободи десетици милиони евра и отвори врата за враќање на Погба

by
1 минути читање

Неполни 12 часа
по затварањето на зимскиот преоден рок, Тутоспорт пишува што ќе се случува во
редовите на Јувентус за пет месеци и летниот преоден рок. Весникот вели дека прва
желба на „старата дама“ ќе биде враќање на Пол Погба.

Со продажбата на
Марио Манџукиќ и Емре Џан, кои имале околу 5,5 милиони евра годишна нето плата
(11 милиони бруто плата), се заштедуваат 11 милиони евра до крајот на сезоната,
како и 22 милиони евра за следната сезона, па во буџетот за плати ќе се ослободи
солидна сума за Французинот.

Тутоспорт исто
така додава дека пристигнувањето на Бруно Фернандеш на Олд Трафорд значи еден
вид подготoвка на „ѓаволите“ за разделба со Пол Погба, па Јувентус ќе има
полесна задача отколку минатото лето кога Манчестер јунајтед одбиваше да слушне
за продажба и постави висока цена од околу 200 милиони евра.

Весникот не пишува
колку пари ќе бидат потребни за реализирање на трансферот, но се верува дека
сигурно ќе требаат најмалку 100 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани