Тутоспорт ги објави 25-те кандидати, кој ќе биде новото „Златно момче“?

by bojan
1 минути читање

Весникот Тутоспорт ги објави кандидатите за престижната индивидуална награда „Златно момче“ и најдобриот фудбалер под 21 година во Европа.

Вечерва беше објавена листата со 25 фудбалери кои ќе конкурираат за наградата „Златно Момче“.

За оваа престижна индивидуална награда во предвид се земени само играчи родени по 1. јануари 2005 година, а при одлучувањето пресудна улога имаат неколку статистики, како прикажаните партии, минутажата и квалитетот на клубовите во кои настапуваат.

За основа е земен индексот креиран од „Фудбал Бенчмарк“, каде на врвот е Ламин Јамал, но тој не се најде помеѓу финалистите бидејќи правилата не дозволуваат oнoj што еднаш ја добил наградата, повторно да конкурира – младата ѕвезда на Барса беше „Златно момче“ во 2024.

Поделени се и пет „вајалд-карти“, па конечната листа е следнава:

Пау Кубарси – Барселона

Десире Дуе – ПСЖ

Дин Хујсен – Јувентус

Кенан Јилдиз – Јувентус

Мајлс Луис Скли – Арсенал

Варен Заире Емери – ПСЖ

Арда ѓулер – Реал Мадрид

Франко Мастантуоно – Реал Мадрид

Етан Нванери – Арсенал

Џорел Хато – Челси

Џовани Кенда – Спортинг Лисабон

Естевао – Челси

Лени Јоро – Манчестер јунајте

Сени Мајулу – ПСЖ

Нико О’рајли – Манчестер Сити

Елиесе Бен Сегир – Баер Леверкузен

Виктор Фохолд – Порто

Лукас Бергвал – Тотнем

Арчи Греј – Тотнем

Мамаду Сар – Страсбур

Џоб Белингем – Борусија Дортмунд

Франческо Пио Еспозито – Интер

Родриго Мора – Порто

Џовани Леони – Ливерпул

Александар Станковиќ – Клуб Бриж

Можно е и ова да ти се допаѓа

×