Турските медиуми предизвикаа скандал за Елмас, но вистината е поинаква (ФОТО+ВИДЕО)

by
2 минути читање

Денес речиси сите
влијателни медиуми во Турција пишуваат за скандал од мечот помеѓу Фенербахче и
Бешикташ за фудбалери до 21 година, во кој настап имал наводно и нашиот Елиф
Елмас.

Речиси сите турски
медиуми пренесоа за крвничкиот старт на фудбалер на Фенербахче врз негов
противник од Бешикташ, за кој го наведоа дека е токму нашиот Елмас, сепак,
фактите го говорат спротивното.

Веќе излезе и записник
од средбата помеѓу младинските состави на двата гиганти од Истанбул, од кој
јасно се гледа дека најголемата надеж на македонскиот фудбал не ни бил на
теренот за својот тим.

Сепак, рака на срце,
вреди да се признае дека фудбалерот со број „7“ од Фенербахче многу наликува на
Елиф Елмас…

class="twitter-video" data-lang="en">

pic.twitter.com/KBtwibax6Y


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани