163
ПСЖ му врачи отказ на Тухел, Покетино би требало да биде неговиот наследник, а ако се покажат како вистинити гласините кои доаѓаат од Англија, Германецот нема долго да чека за нова работа.
Тој од поодамна се поврзува со Арсенал, сега кога е слободен и кога столчето на Артета е силно затресено, тоа може да се оствари.
Арсенал под водство на Артета игра очајно во Премиерлигата, а испадна и од Карабао Купот, во сабота го пречекуваат Челси и ако го загубат и тој меч се верува дека раководството на клубот ќе почне сериозно да размислува за тренерска смена.
Новите околности го прават Тухел прв фаворит за нов тренер, но не се исклучува можноста и за Масимо Алегри кој исто така е без работа.