Томас Тухел и Јирген Клоп на ист начин ја напуштија Бундеслигата, пред да заминат од Германија и двајцата беа тренери на Мајнц и Борусија Дортмунд.
Клоп и Тухел вечерва првпат ќе се сретнат еден против друг во Премиерлигата, Ливерпул и Челси водат голема битка за местата кои водат во Лигата на шампионите.
„Убаво е да ве споредуваат со него бидејќи тој е еден од најдобрите тренери во Европа“, вели Тухел за споредбите со Клоп.
„Од една страна убаво е бидејќи тоа ви кажува дека сте достигнале одредено ниво, но во одредена точка не е убаво бидејќи не ја кажува вистината“.
„Го сакам Клоп многу, имам целосна почит и сме поминувале убав период кога сме се среќавале на собирите на тренери, нема сомнеж за тоа, но ние не сме ни половина пријатели од тоа што луѓето го мислат“.
„Никогаш не сме биле заедно во некој клуб, никогаш не сум можел да учам од него, од неговите тренерски методи, никогаш не сум се нашол на исто место каде што работи тој“.
„На пример не сум бил јас тренер во академијата на Мајнц кога Јирген беше главен тренер таму, такви работи се немаат случено“.