Германецот доби поддршка од раководството на клубот по шокантната елиминација од Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите, но работите се променија во изминатите неколку недели.
„Светците“ имаа неколку лоши резултати во домашниот шампионат и пораз во финалето од Купот на Франција, а капак на се е последниот потег на Нејмар.
Бразилецот без да добие дозвола од тренерот го пропушти последниот тренинг и си летна за Бразил. Се шпекулира дека Томас Тухел полудел кога дознал што направиле лидерите.
Откако Нејмар не добил зелено светло од тренерот, тој се обратил до упратава и спортскиот директор без проблем ја ослободил првата ѕвезда на тимот.
Ваквиот потег само ја продлабочила тензијата помеѓу Томас Тухел и Антеро Енрике. Двајцата од поодамна се во недоразбирање и цела сезона се натегаа околу настапот на трансферот пазарот и кој играчи да бидат донесени.
Се шпекулира дека Жозе Мурињо и Макс Алегри се опции за наследник на Германецот на жешкото столче на „Паркот на принцовите“ и веќе е остварен контакт со двајцата стратези.