Англија со победата од 3-2 над Мексико избори место во четвртфиналето на Светското првенство, но по натпреварот доби и лоши вести поврзани со Џордан Хендерсон.
Искусниот играч за врска се повреди на необичен начин. По последниот судиски свиреж сакал да им се придружи на соиграчите во прославата со навивачите, но при прескокнување на рекламната ограда се лизнал и незгодно го повредил зглобот на раката.
Медицинскиот тим веднаш интервенирал, по што Хендерсон бил изнесен на носилки и префрлен во болница на дополнителни прегледи. Селекторот Томас Тухел потврди дека повредата не изгледа нималку безопасно.
„Џордан го повреди зглобот. Изгледа навистина лошо. Се работи за сериозна повреда и во моментов е во болница“, изјави Тухел.
Засега не е познато колку ќе паузира англискиот репрезентативец, но неговиот настап во четвртфиналниот дуел против Норвешка е неизвесен.