177
Кепа бранеше во ФА Купот против Барнсли, а сега по долго време доби шанса и во Премиерлигата. Шпанецот врза два меча без примен гол.
„Потребен ни е силен Кепа во нашиот состав. Тој имаше добар натпревар во купот па одлучивме да му дадеме шанса на уште еден меч за да влезе во ритам, да стекне самодоверба и ние да покажеме верба во него бидејќи бранеше многу добро“, вели Тухел.
„Во исто време на Менди му даваме шанса психолошки да се опорави бидејќи тоа е позиција која бара голема концентрација, па со една одлука направивме два потега“.