223
Според германскиот весник „Билд“, Томас Тухел сака брзо да се врати на работа доколку му се укаже таква шанса, негов приоритет е тренерското столче во Челси.
Сините се во лоша серија со што се зголемија шпекулациите дека Лампард ќе добие отказ, но засега клубот му дава поддршка и тој ќе добие уште време да си ја спаси работата.
Како и да е, ако во неколкуте наредни натпревари Челси не ја подобри формата, само прашање на време ќе биде отказот на Лампард, особено што раководството знае дека го има Томас Тухел како слободен тренер.