Милан ја заврши
годината како лидер во Серија A, „росонерите“ одиграа одлично во првиот дел од сезоната, тие се единствениот
непоразен тим па полека сите почнуваат да сонуваат за Скудетото.
Битката нема да
биде лесна, па затоа Малдини и Масара ќе се обидат во јануари да донесат три
нови имиња и на Стефано Пиоли да му ги обезбедат неопходните засилувања за
борба со Интер, Јувентус и останатите.
Целта е да се
ангажира дефанзивец, фудбалер од средниот ред и напаѓач.
Кога е во прашање
одбраната, прв на списокот е Мохамед Симакен од Стразбур. Се верува дека Милан
си има подадено рака со играчот, и останува да се пронајде заеднички јазик со
клубот, кој во моментов инсистира на 20 милиони евра и го одби предлогот од 15
милиони евра.
Како алтернатива
е Озак Кабан од Шалке, кој е мета на уште неколку големи клубови.
Што се однесува
до средниот ред, Бубакари Сумаре од Лил е идентификуван како одлична замена за
Френк Кеси и Исмаел Бенасер. Проблем е неговата цена од 25 милиони евра, а Милан ќе се обиде да
го добие на позајмица со опција за перманентен трансфер.
За нападот, „росонерите“
се обидуваат да го добијат Лука Јовиќ на позајмица од Реал Мадрид. Се
мониторира и ситуацијата на Депај од Лион, а како опција е и младиот Џанлука
Скамака, кој игра на позајмица во Џенова.