697
ФА ја донесе пресудата за постот на Кавани кој беше оценет како расистички. Уругваецот ќе биде суспендиран на три натпревари и ќе треба да плати глоба од 100.000 фунти.
Еден од трите меча е големото дерби против Манчестер Сити, другите два натпревари се дуелите против Астон Вила и Ватфорд.
33-годишниот фудбалер сподели инстаграм пост од фан по победата од 3-2 над Саутемптон на 23 ноември. Постот беше оценет како расистички, а Кавани брзо го избриша и се извини. Но ФА немаше милост кон напаѓачот на Манчестер јунајтед.