97
Фудбалската асоцијација на Англија, денеска ја соопшти одлуката за Ибрахимовиќ, напаѓачот на Јунајтед доби три меча суспензија.
„Златан Ибрахимовиќ ќе одлежи три натпревари суспензија, казна која започнува веднаш откако тој ја информираше ФА дека ја прифаќа стандардната казна“ – стои во соопштението на ФА.
Поради суспензијата Ибрахимовиќ ќе го пропушти дуелот со Челси од ФА Купот, како и натпреварите од Премиерлигата против Мидлсброу и ВБА.
Ибрахимовиќ до сега има пропуштено само еден лига натпревари, ремито против Арсенал.