233
Тотнем одлично ја стартуваше сезоната, но тимот на Мурињо влезе во црн период и падна длабоко на табелата. Се уште се борат за пласман во топ четири, но не им се даваат големи шанси дека ќе успеат. До место во ЛШ може да дојдат и со освојување на Лига Европа, но и таму конкуренцијата е голема.
Се верува дека ако Тотнем не избори место во Лигата на шампионите и следната сезона, Хари Кејн ќе сака да си замине од клубот и да направи трансфер во средина со поголеми амбиции.
Интерес за него има од двата клуба од Манчестер и од ПСЖ каде тренерот му е добро познат, Маурисио Покетино.
Во овие клубови се верува дека ќе бидат чекор поблиску до Хари Кејн ако Тотнем не биде дел од елитното натпреварување следната сезона.