Три гола на Илоски беа малку за Филаделфија против Меси и Интер Мајами! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Интер Мајами и Филаделфија Унион одиграа луд меч со дури десет голови кој го добија „розевите“ со 6-4, а три погодоци за гостите беа дело на фудбалерот со македонско потекло, Милан Илоски.

По само десет минути игра Македонецот веќе имаше дадено два гола. Илоски погоди во 3. и 10. минута за предност на Филаделфија од 2-0.

Потоа се променија работите, третиот гол на Илоски беше во судиското продолжение од првиот дел за 4-4.

Во меѓувреме хет-трик реализираше и Луис Суарез кој ги даде половина од погодоците на Интер Мајами.

Меси имаше две асистенции, но и заработи повреда во 73. минута кога директно излезе во соблекувалната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×