Барселона минатата
недела со 1-2 славеше на гостувањето на Висенте Калдерон и направи значаен исчекор
кон ново финале во Копа дел Реј.
Вечерва, Луис
Суарез во финишот на првиот дел донесе предност од 1-0 и многумина мислеа дека
тоа е крај на приказната.
Сепак, гостите не
се откажаа па следуваше драматична завршница.
Најпрво Роберто
заработи втор жолт картон во 57. минута, а и гостите останаа со играч помалку
откако Караско беше исклучен во 69. минута.
Потоа Гамеиро
промаши пенал во 80. минута, но само три минути подоцна напаѓачот се искупи и
изедначи на 1-1.
Во 90. минута
Барса остана без уште еден играч, Луис Суарез за кратко време заработи два
жолти картони.
Атлетико силно
притисна во финишот но не успеа да постигне и втор гол кој ќе го однесеше
натпреварот во продолженија.