Илинден продолжува да го засилува тимот за новата сезона во Третата македонска фудбалска лига, а најново засилување е искусниот Дарко Глишиќ.
Поранешниот фудбалер на Скопје се договори со амбициозниот третолигаш, кој во новата сезона ќе биде предводен од Горан Симов. Глишиќ пристигнува по шестмесечен престој во Скопје, а претходно го носеше и дресот на Македонија Ѓорче Петров.
Во својата кариера настапуваше за Вардар, Напредок, Тетекс, Гостивар и Шкупи, а има и богато интернационално искуство со настапи за Олимпик Сараево, Динамо Тбилиси, Септември Софија, Арда Карџали и Докса.
Глишиќ е само дел од засилувањата на Илинден ова лето. Претходно во клубот пристигнаа Дарио Десниќ, Давид Ристовски, Кристијан Ристовски, Кристијан Ивановски, Матеј Божиновски, Марио Маркулев и Иван Ташовски.