68
Нова рунда преговори за иднината на Хакан Чалханоглу, денеска ќе се одржи трет состанок. Во канцелариите на Милан пристигна агентот на Хакан Чалханоглу кој ќе има средба со Паоло Малдини и Фредерик Масара.
Медиумите од Италија пренесуваат дека разликата е 1 милион евра, односно Милан на маса ќе стави плата од 4 милиони евра, додека пак играчот бара 5 милиони евра.
Се верува дека двете страни ќе најдат компромис, и ќе бидат вметнатни серија бонуси со кои ќе се стигне до посакувана бројка и за Милан и за Хакан Чалханоглу.