„Тренинг со Гвардиола ви е исто како предавање на факултет“

by
1 минути читање

Пеп Гвардиола важи за еден од најдобрите тренери на денешницата, многу играчи имаат признаено дека напреднале многу под негово водство. Искусниот голман Вили Кабаљеро, кој имаше прилика една година да работи со Шпанецот, сега го сподели своето искусво.

„Да ве тренира Пеп Гвардиола е исто како да одите на факултет, секој ден учите нешто ново, без разлика дали е тоа на теренот, додека гледате видео или пак кога ќе ви пристапи и ќе ви објасни одредени работи“ – вели искусниот Аргентинец, кој сега е дел од Челси.

„Тој е одличен учител, не му е проблем дали станува збор за стартер или резерва, за 18 годишно момче, или фудбалер кој има 34 години, како во мојот случај. Се однесува како педагог, ве корегира, ве учи…“

Можно е и ова да ти се допаѓа

×