Тренерот на Вулверхемптон откри каква е состојбата на Руи Патрисио

by
1 минути читање

Ливерпул вечерва со 0-1 славеше над Вулверхемптон, но натпреварот е во сенка на повредата на Руи Патрисио, кој доби удар во главата од својот соиграч Коуди.

Лекарите повеќе од десет минути му укажуваа помош на голманот на теренот и потоа со носилки го изнесоа надвор.

Играчите беа прилично загрижени, особено Коуди, но по крајот на натпреварот, тренерот Нуно Еспирито Санто сподели убави вести.

„Се е во ред со Руи Патрисио, тој е свесен и знае што се случи. Докторите ми велат дека се е во ред со него“ – вели предводникот на „волците“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани