Тренерот на Палермо објасни зошто Трајковски од трибини го проследи дуелот со Сампдорија

by
2 минути читање

Илија Несторовски
има одлична сезона во дресот на „Сицлијанците“ со десет погодоци зад своето име, но вториот Македонецов во
Палермо, Александар Трајковски се соочува со многу проблеми.

Тој долго време
беше отсутен поради повреда, и се врати со гол против Џенова во декември.

Но, оттогаш па
наваму има само ограничена минутажа, а на последниот дуел со Сампдорија не беше
ниту на клупата за резерви.

Зборувајќи на
денешната прес конференција, Диего Лопес објасни зошто Македонецот минатата
недела бил испратен на трибини, а повик за настап доби младинец од Примавера
тимот.

„Тројцата во
нападот мора да бидат ѕверови
– вели тренерот на Палермо.

„Ги повикав оние
кои ми покажаа дека се спремни. Затоа Трајковски беше изоставен, а шанса доби
играч од младинскиот тим
.

„Тој добро ја
разбра ситуацијата, оваа недела на тренингот видов подобрување
.

„Не дека и
претходно тренираше лошо, едноставно видов играч кој е подобар од него. Се
работи за техничка одлука
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани