Неславно заврши ерата на Лијам Розениор во Челси, каде што пристигна како наследник на Енцо Мареска, а сега би можел да добие нов тренерски ангажман.
Младиот тренер не успеа да се снајде на „Стемфорд Бриџ“. Неговите идеи и методи наидоа на негативни реакции и кај дел од фудбалерите и кај јавноста, па многу брзо доби отказ, иако само неколку месеци претходно беше потпишан долгорочен договор.
Сепак, Розениор е подготвен за нов предизвик и според информациите би можел да се врати во Франција каде што го водеше Стразбур.
Имено, неизвесно е дали Париз ќе ја продолжи соработката со Антоан Комбуаре, иако искусниот стратег заврши одлична работа на „Жан Буен“, спасувајќи го тимот од борбата за опстанок и носејќи го до стабилна позиција во средината на табелата.
Амбициите на Париз се многу поголеми. Клубот сака настапи во европските натпреварувања и да стане сериозен фактор во францускиот фудбал, а токму Розениор е еден од кандидатите кои раководството ги гледа како решение за клупата.
Според најавите, договорот би можел да биде постигнат во наредните денови. Тимот првично требаше да ги започне подготовките за новата сезона на 1 јули, но стартот е поместен за 9 јули, што дополнително ги засили шпекулациите за можниот ангажман на англискиот тренер.