Трансферот на Јан Диоманде во Реал ќе донесе проблеми за тројца фудбалери

by bojan
1 минути читање

Реал Мадрид е на чекор до потпис со Јан Диоманде, а како што пренесува Марка, оваа зделка ќе има последици врз тројца играчи на „кралевите“.

Мајкл Олисе подолго време се најавуваше како нов „галактико“, но очигледно Французинот ова лето е недопирлив, па Реал Мадрид реши да се насочи на други опции и сега е на добар пат да го ангажира Јан Диоманде од РБ Лајпциг во зделка вредна преку 100 милиони евра.

Се говори дека тој веднаш ќе има значајна улога во стартниот состав на Жозе Мурињо, каде што се очекува да игра на десното крило.

Како што пренесува Марка, оваа зделка ќе има последици врз тројца играчи на „кралевите“.

Првиот погоден е Винисиус Жуниор. Бразилецот сака да го продолжи договорот, но преговорите во моментов тапкаат о место, па трансферот на Јан Диоманде се гледа како порака од клубот. Ако Винисиус Жуниор не го продолжи договорот, Јан Диоманде би можел да стане негов природен наследник на левото крило.

Сепак, во Реал се убедени дека Бразилецот на крајот ќе потпише нов договор и ќе формира напаѓачко трио со Јан Диоманде и Килијан Мбапе.

Арда Ѓулер исто така би можел да биде еден од губитници. Во омилениот систем 4-2-3-1 на Жозе Мурињо, Џуд Белингам би играл зад напаѓачот, додека Диоманде би бил на десното крило, што значително би ги намалило шансите Турчинот да биде стартер.

Стручниот штаб смета дека Ѓулер сè уште не е доволно физички силен за во иднина да игра во двојниот блок за врска.

Во најнезавидна позиција би можел да се најде и Брахим Дијаз. Досега тој беше првата офанзивна опција од клупата, но со доаѓањето на Јан Диоманде, Мароканецот би можел уште повеќе да падне во хиерархијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×