Трансфер пазарот ќе биде поинаков, ќе има многу позајмици, помалите клубови ќе се соочат со потешкотии

by
1 минути читање

Тој смета дека во фудбалот треба да се воведе „селари кап“ како што има во американските спортови и тој да важи за сите земји во Европа.

„Воведување селари капот е присутно во САД веќе некое време и нашиот претседател Роко Комисо зборуваше за тоа“, вели Бароне.

„За да го видиме тоа во Европа, ФИФА мора да донесе одлука. Мора да важат истите правила за сите, не да бидат различни за секоја лига“.

Што се однесува до престојниот трансфер пазар тој очекува однесувањето на клубовите да биде поразлично од претходно.

„Поради кризата ќе имаме комплетно различен пазар. Ќе има значително повеќе позајмици и размена на фудбалери“.

„Ќе треба да бидеме внимтелни бидејќи цената на фудбалерите може да паѓа во овој период. Помалите клубови ќе имаат големи потешкотии и ние мора да му помогнеме на системот, а не да го искористиме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×