Македонија одигра без голови против Финска во својот прв пријателски натпревар. Во вторник момците на Игор Ангеловски повторно ќе излезат на терен, овој пат против селекцијата на Азербејџан.
„Веќе шест дена сме тука во Турција и сме презадоволни од условите за работа. Максимално се подготвуваме и за натпреварот со Азербејџан. Против Финска одигравме цврст и неизвесен натпревар во кој нашиот противник беше одлично поставен на теренот и многу дисциплиниран. Имавме шанси, но не ги искористивме за победа. Се надевам дека задутре ќе одиграме подобро и ќе постигнеме поволен резултат. Можеме да се надигруваме со нив и се гледа дека сме поквалитетен тим, а тоа сакаме да го покажеме и на терен“, изјави Александар Трајковски.