Трагедија во Аталанта пред дуелот со Реал Мадрид, почина 21 годишен фудбалер

by
1 минути читање

Аталанта утре има
голем дуел против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, но денеска пристигнаа
тажни вести. „Нероаѕурите“ соопштија дека починал Вили Та Би, 21 годишено момче
од академијата.

Фудбалерот од
Брегот на Слоновата Коска ја загубил битката со ракот на црниот дроб

„Претседателот
Антонио Прекаси и целото семејство на Аталанта длабоко жали за прераната смрт
на Вили Брасијано Та Би. Суровата судбина прерано го прекина сонот кој започна
со дресот на „нероаѕурите“ во 2019. Му беа потребни само неколку месеци за да
се наметне како лидер во Примавера тимот и да помогне Скудетото да биде вратено
во Бергамо. Почивај во мир“
– гласеше известувањето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани