Тотнем со нерегуларен гол се спаси од пораз во големото дерби со Арсенал (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Тотнем и Арсенал одиграа интересно дерби кое на крајот заврши без победник, гостите беа поблиску до победата, но не успеаа да дојдат до неа.

Натпреварот беше отворен во 16. минута кога по една добра контра Арон Ремзи се најде сам пред Лорис, го помина и него и погоди во празната мрежа за водство на Арсенал од 1-0.

Кејн постигна гол со глава кој беше поништен поради офсајд.

Во второто полувреме домаќините се обидуваа да дојдат до изедначување, а Арсенал беше опасен од контри.

Клучниот момент се случи во 73. минута кога беше покажан пенал за Тотнем по прекршок на Мустафи врз Кејн. Но пенал не требаше да има бидејќи Хари Кејн беше во офсајд. Судиите не го видоа тоа, Кејн прецизно го изведе ударот од белата точка и изедначи на 1-1.

Во 89. минута Обамејанг беше фаулиран од Санчез во шеснаесетникот на Тотнем, пенал доби и Арсенал. Но за разлика од Кејн, Обамејанг лошо шутираше, Лорис го одбрани неговиот удар, напаѓачот имаше и дополнителна можност по одбиената топка, но ја промаши и таа. 

Тука не застанаа возбудувањата, во 95. минута Тореира стартуваше грубо со отворен ѓон и доби директен црвен картон.

Арсенал пропушти голема шанса да ја намали предноста на Тотнем на само бод разлика.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани