71
Даниел Леви брзо дојде во ситуација да бара нов тренер, газдата на Тотнем не е задоволен од резултатите под водство на португалскиот стратег.
Поразот од Манчестер јунајтед го вклучил алармот во Тотнем и веројатно наскоро ќе следи разделба со Нуно Еспирито Санто.
Желба на спортскиот директор Паратичи, е Антонио Конте. Но проблем е што Италијанецот има високи барања кои Леви на минатите преговори не сакаше да му ги исполни, но можеби сега работите ќе бидат поинакви.
Тимот на Тотнем не е на нивото на конкурентите, но Даниел Леви упорно бара врни резултати од своите тренери без да инвестира посериозно во тимот.