Тотнем со 1-0 го победи Евертон и успеа да избори опстанок во елитното друштво, а во Чемпионшип оди Вест Хем кој го совлада Лидс со 3-0, но оваа победа беше пирова.
Единствениот гол на мечот меѓу Тотнем и Евертон беше дело на Палиња пред крајот на првото полувреме.
Вест Хем си го направи своето, со убедливи 3-0 го совлада Лидс, но оваа победа не им значеше ништо бидејќи Тотнем не го загуби мечот со Евертон.
Шампионот Арсенал со гостински триумф кај Кристал Палас од 2-1 ја заврши сезоната.
Манчестер Сити со истиот резултат загуби на свој терен од Астон Вила, а Манчестер Јунајтед со 3-0 беше подобар од Брајтон и тоа на негов терен.
Ливерпул и Брентфорд одиграа 1-1, исто како и Нотингем Форест и Бонрмут, но и Барнли и Вулвс.
Сандерленд со 2-1 го победи Челси, а Фулам со 2-0 беше подобар од Њукасл.