Жозе Мурињо направи значителни промени во составот во однос на претходните натпревари и тоа се покажа како добар потег.
Во стартниот тим беа Танганга, Родон и Винисиус од оние кои помалку добиваат шанса, сите тројца одиграа одлична партија.
Тотнем поведе во 29. минута по една убава акција. Кејн додаде до Лукас кој асистираше до Винисус а тој од лесна позиција го постигна својот деби гол во Премиерлигата.
Вториот гол се случи во 68. минута, Кејн беше фаулиран, Тотнем доби пенал, а самиот Кејн ја реализираше најстрогата казна и ги постави конечните 2-0.
Со овој гол Хари Кејн стана првиот во Премиерлигата што оваа сезона е инволвиран во 30 погодоци, има 17 голови и 13 асистенции.
Со оваа победа Тотнем се качи на шестото место на табелата поминувајќи ги Евертон и Ливерпул, тимот на Мурињо има бод помалку од петтиот Вест Хем, и три помалку од четвртиот Челси.