298
За разлика од почетокот на сезоната, Тотнем сега е во серија од лоши резултати по што се зголеми притисокот кон Жозе Мурињо.
Доколку не ги поправи резултатите Мурињо може да добие отказ, но тоа најверојатно би се случило по крајот на сезоната кога детално ќе се оценува неговата работа.
Според „Дејли Мејл“, Тотнем веќе прави список на можни наследници на Мурињо, а засега на тој список се Брендан Роџерс и Џулијан Нагелсман.