Тотнем му нуди нов договор на Кејн иако стариот не му е ни блиску до истекување

by
1 минути читање

Во 2018 година, Кејн потпиша шестгодишен договор со Тотнем, што значи дека има уште три ипол сезони од актуелниот.

Но и покрај тоа, Тотнем не сака да остава ништо на случајот и уште сега му нуди нов, побогат договор со кој долгорочно ќе го обврзе својот најдобар фудбалер.

Раководството сака да го искористи добриот момент на Тотнем и одличната форма на Кејн за да го убеди да став потпис на нов договор.

Причината за ваквото брзање е и фактот што Кејн почна да се поврзува со трансфер во други клубови, како што се ПСЖ и Манчестер Сити.

Се верува дека клубот ќе му понуди и поголема плата од онаа која сега ја добива а тоа е 200.000 фунти неделно.

Покрај Кејн, Тотнем преговара и со Сон кој се очекува во блиска иднина да стави потпис на нов договор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани