77
Во 5 до 12. Тотнем му исполни уште една желба на Жозе Мурињо. Португалецот со месеци бараше засилување за централниот дел од дефанзивата, а откако пропаднаа обидите за ангажман на Милан Шкрињар од Интер и Антонио Ридигер од Челси, „спарси“ го искористија продолжениот рок на „островото“ да донесат засилување.
Во последните мигoви од крајниот рок, Тотнем се договори со Свонси за трансфер на талентираниот Џо Родон.
22 годишниот Велшанец се сели во Северен Лондон за 11 милиони фунти, плус додатни 4 милиони фунти во бонуси.