489
Тотнем запиша три важни бода со кои се искачи на третото место на табелата во Премиерлигата.
Резултатот беше отворен во 29. минута, Кејн погоди од пенал за водство од 1-0, а најстрогата казна беше досудена по прекршок на Алиоски врз Бергвајн.
На две минути пред крајот асистенција на Кејн, гол на Сон за водство на Тотнем од 2-0.
По пет минути игра во второто полувреме, Алдервирелд погоди со глава по центаршут на Сон од корнер за конечни 3-0.
Во судиското продолжение Доерти беше исклучен од игра поради втор жолт картон.