Тотнем е клуб кој
од година во година запишуваше големи суми на добивка, но клубот од Лондон
одлучи своите не-фудбалски работници да ги препушти на државна сметка во кризата
со коронавирусот, а поради тоа се соочи со остри критики од јавноста, но и од
сопствените навивачи кои наведуваа дека репутацијата на клубот е уништена со
таа одлука.
Исто како и
Ливерпул, така и Тотнем ја повлече одлуката да користи државна помош за своите
не-фудбалски работници, а во своето соопштение Премиерлигашот јасно стави
дознаење дека реакциите го сторија своето.
„Во нашата
последна објава наведовме дека ќе ја мониторираме позицијата, посебно во делот
на ревизија на буџетот и трошоците кои ги имаме како клуб, ние тоа го сторивме
и одлучивме сиот не-фудбалски персонал во клубот да остане на својата 100%
плата за април и мај, само управата ќе има кратења во своите плати“ се вели во
соопштението на Тотнем.
„Свесни сме за
реакциите на многу наши навивачи кои беа против нашата одлука за работниците
кои не можат да продолжат со обврските од своите домови, со оглед на нивната
позиција, бевме во постојани разговори со нашите навивачи изминатиов период“
додаваат од таму.
Ливерпул и Тотнем
беа на силен удар од јавноста ширум светот поради потезите кои ги повлекоа, а
што се однесува пак до Тотнем, првиот човек на тој клуб, контроверзниот Даниел
Леви лани имаше заработка од цели 7 милиони фунти, клубот лани генерално имаше
чиста добивка од 70 милиони фунти.