Тотнем ја оправда улогата на фаворит против Брентфорд, победи и се пласираше во финалето од Карабао купот.
Мечот беше рано отворен, по убав центаршут на Регилон, Сисоко погоди со глава за водство од 1-0.
Во продолжението Тотнем можеше да го зголеми водството, но имаше и периоди кога Брентфорд беше многу блиску до израмнување.
Гостите во 63. минута постигнаа и гол, но погодокот беше поништен со ВАР поради офсајд.
Седум минути подоцна Сон по асистенција на Ндомбеле постигна гол за 2-0 и ги реши сите дилеми околу победникот.
Во 84. минута Брентфорд остана и со фудбалер помалку поради црвен картон на Дасилва по еден остар старт врз Хојбјерг.
Во финалето Тотнем ќе игра против Манчестер, а утре ќе дознае дали тоа ќе биде Сити или Јунајтед.