Тотнем донел одлука, ќе му даде отказ на Постекоглу!

by riste
1 минути читање

Новинарот Саша Таволиери пишува дека Тотнем наскоро ќе објави дека му дава отказ на Анже Постекоглу,одлуката е донесена.

И покрај тоа што им донесе трофеј од Лига Европа, во Тотнем решиле да се разделат со Постекоглу.

Оваа вест е шокантна ако се знае колку долго овој клуб чекаше да освои трофеј.

Го отпуштија Мурињо на неколку дена пред финале, а сега го отпуштаат Постекоглу по освоен трофеј.

Многумина веќе го доведуваат во прашање менталитетот на сопственикот Даниел Леви, дали тој сака да биде победник или е задоволен само со учество во натпреварувањата.

Наводно кандидати за нов тренер на Тотнем се Томас Франк и Марко Силва.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани