Тоти објаснува: Зошто го удрив Балотели… (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Франческо Тоти
целата своја кариера ја мина во дресот на Рома, се повлече на најубав можен
начин отпоздравен од илјадниците навивачи на тој клуб во една прекрасна а
воедно и доста емотивна атмосфера на Олимпико, моменти кои ќе останат запаметени
во клупската историја на Римската волчица.

Говорејќи за „La
Repubblica, Тоти најпрво се потсети на интересот од Милан кој
дошол на негови 12 години, откри од кого најмногу тимот од Милано добил
негативен одговор.

Милан ме
посакуваше кога имав 12 години. Во тој случај, одговорот „НЕ“ беше од моето
семејство, посебно мојата мајка
“ вели Тоти.

Таа е плашлива
особа, мојот татко секогаш работеше до доцна, таа постојано беше покрај мене,
многу ме сакаше
“ додава тој.

Веројатно
големите љубители на фудбалот добро го помнат моментот кога го удри Балотели а
потоа беше предвреме испратен во соблекувалната, легендата на Рома вели дека
тоа било ужасен прекршок, но, открива дека никој од фудбалерите на Интер потоа
не се конфронтирале со него.

Мојот удар кон
Балотели? Тој беше провокативец со години, ме нападна мене, а воедно и фановите
на Рома, сето тоа се собираше, а потоа и експлодира во една таква ситуација.
Тоа беше ужасен прекршок, само за да го повредам, но, потоа, чудно беше тоа што
фудбалерите на Интер не се конфронтираа со мене
“ открива Тоти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани