Каталонски Спорт
објави дека Тотенхем пријавил интерес за Малком кој во Барселона пристигна
изминатиот летен преоден рок, но, не доби адекватна прилика за докажување
откако во последен час го откажа трансферот во Рома за да се приклучи на
гигантот од Камп Ноу.
Се чини дека
неговата авантура во дресот на Барселона ќе има краток рок, па така претходно
наведениот медиум најавува дека Тотенхем ќе испрати понуда вредна 50 милиони
евра за бразилскиот офанзивец.
Барселона за
услугите на Малком на Бордо му исплати 40 милиони евра, ова беше доста
интересна ситуација за фудбалската јавност откако најпрво Бордо и Рома
потврдија дека постигнале договор за Бразилецот, а предвидени беа и лекарски
прегледи, неколку часа подоцна медиумите објавија дека Бордо го откажал
договорот поради интересот од Барселона.