Неверојатен меч
се одигра помеѓу Торино и Сасуоло попладнево откако гостите имаа водство од 0-2
по првите 45 минути игра, за конечниот исход на крајот да гласи 3-2 за
домаќините.
Берарди со два
гола во серија во првото полувреме, најпрво во 6, а потоа и во 38 минута донесе
водство од 0-2 за Сасуоло, кое не беше доволно ниту за реми за гостите.
Се’ до 77 минута Сасуоло имаше водство од 0-2,
за Заза по само пет минути откако влезе во игра да намали на 1-2, за веќе во 87
минута Мандрагора да израмни на 2-2. Херој за Торино беше Заза кој во самата
завршница донесе пресврт и победа од 3-2 за домаќините.
Со оваа победа
Торино (23) се наоѓа на 17 место на табелата, а воедно е на бод предност во
однос на Каљари (22), односно вон опасната зона за испаѓање од елитното
италијанско фудбалско друштво Серија А, но има и меч помалку. Што се однесува пак
до Сасуоло, оваа екипа со 39 бода се наоѓа на осмото место на табелата по 27
одиграни натпревари.