Торино беше нерешлива енигма изминативе три години но Интер на Конте славеше убедливо (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Изминативе три
години, гостувањата кај Торино им правеа многу проблеми на „нероаѕурите“, но вечерва
Интер со Конте на чело стигна до убедлив триумф.

На лошо терен за
игра поради силните врнежи, Мартинез го отвори резултатот во акција од два
потега. Голманот на Торино дегажираше само до Весино, кој со глава испрати
топка во фор а Лаутаро прецизно биеше по земја за 0-1.

По половина час
игра веќе беше 0-2. Барела нафрли на подалечната статива каде осамениот Де Врај
рутински реализираше за дуплирање на предноста.

Победникот беше решен
по десет минути игра во вториот дел, Лукаку стрелаше за 0-3 и три бода од
Олимпискиот стадион во Торино. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани