Шпанецот синоќа
ги исплаши сите на Риазор откако по еден воздушен дуел во безсознание се
струполи на тревата.
Тој веднаш беше
пренесен во локална болница, за среќа сè е во ред со него и Фернандо Торес нема
посериозна повреда.
Откако врз „Ел
Нињо“ утрово беа извршени неколку тестови и резултатите беа добри, докторите му
дозволија на Фернандо Торес да ја напушти болницата.
„Сè е во ред” – им рече Торес на новинарите кои
го чекаа пред болницата. „Сакам да им се заблагодарам на играчите на Атлетико и Депортиво за нивната реакција. Исто така сакам да им се заблагодарам и на фановите”.
„Не се сеќавам на
завршните минути и страшната повреда. Имав слично искуство пред неколку години
со репрезентацијата на Шпанија, мислам дека тоа беше дури и полошо”.
„Дојдов при свест
во болничкото возило, ми кажаа каде сум и што се случило…”
„Сакам да им се
заблагодарам и на докторите и на целиот персонал во болницата, беа феноменални.
Се надевам дека ќе ги видам пак, но на улица, не во болница”.
На крајот Торес
вети дека наскоро ќе им се врати на тренинзите: „За два-три дена ќе можам да
тренирам со соиграчите”.