Немаше шокантен трансфер во последните моменти како што тоа се случувало во минатото, сите зделки беа претходно најавени и долго време подготвувани. Најскап беше Кутињо, а потоа Ван Дајк, на листата е и Диего Коста кој иако претходно си замина, неговиот трансфер сега се смета за јануарски.
Најголеми трансфери во јануари:
1. Филипе Кутињо, 120 + 40 милиони евра во бонуси (од Ливерпул во Барселона)
2. Вирџил ван Дајк, 79 + 6 милиони евра во бонуси (од Саутемптон во Ливерпул)
3. Диего Коста, 66 милиони евра (од Челси во Атлетико Мадрид)
4. Ајмерик Лапорт, 65 милиони евра (од Атлетик Билбао во Манчестер Сити)
5. Пјер Емерик Обамејанг, 64 милиони евра (од Борусија Дортмунд во Арсенал)
6. Седрик Бакамбу, 40 милиони евра (од Виљареал во БЏ Синобо Гуоан)
7. Иниго Мартинез, 32 милиони евра (од Реал Сосиедад во Атлетик Билбао)
8. Лукас Мура, 29 милиони евра (од ПСЖ во Тотенхем)
9. Андре Ајев, 23 милиони евра (од Вест Хем во Свонси)
10. Тео Волкот, 22,5 милиони евра (од Арсенал во Евертон)
11. Ценк Тусон, 22 милиони евра (од Бешикташ во Евертон)
12. Гуидо Кариљо, 21,5 милиони евра (од Монако во Саутемптон)
13. Мануел Акањи, 21,5 милиони евра (од Базел во Борусија Дортмунд)
14. Пиетро Пелегри, 21 милион евра (од Џенова во Монако)
15. Емерсон Палмиери, 20 милиони евра (од Рома во Челси)
16. Оливие Жиру, 17 милиони евра (од Арсенал во Челси)
17. Јирген Локадиа, 17 милиони евра (од ПСВ во Брајтон)
18. Баду Ндаје, 16 милиони евра (од Галатасарај во Стоук)
19. Франсис Коклан, 14 милиони евра (од Арсенал во Валенсија)
20. Сандро Вагнер, 13 милиони евра (од Хофенхајм во Баерн)
На листата не се играчите кои се позајмени или заменети со други. Санчез заврши во Манчестер јунајтед, а Мхитарјан во Арсенал. Жоао Марио отиде од Интер на позајмица во Вест Хем, Лестер на Њукасл му го позајми Слимани, а Борусија Дортмунд до крајот на сезоната го позајми Батшуаи и плати пет и пол милион евра со опција да го откупи комплетно во летниот преоден рок.