121
Тонали е големо засилување за Милан, но младиот фудбалер не доби веднаш целосна минутажа, претежно мечевите ги почнуваше од клупата за резерви.
Синоќа ги одигра сите 90 минути против Спарта Прага, и тоа беше неговото најдобро издание досега.
„Никогаш не е лесно да се вратите по еден месец седење дома, особено не во тим каков што е Милан, чувствувам дека ја враќам мојата најдобра форма“, вели Тонали.
„Дресот на Милан е тежок, но генерално ми фалеа натпревари, па овие мечеви се многу добри за мене и за тимот. Среќни сме за победата“.