Португалецот даде
интервју за ИКОН и денеска медиумите од Шпанија открија нови детали од
разговорот на Кристијано Роналдо со магазинот.
„Нема да негирам
дека понекогаш ме нервира и ми е преку глава поради тоа што на луѓето секоја
година треба да им докажувам колку сум добар. Тоа е тешко. Секогаш сте под
дополнителен притисок да докажете нешто, не само поради вас туку и поради сите
оние кои се околу вас, вашата мајка, вашиот син… „Крис утре мора да победиш“.
Тоа ве преви поактивен, ве тера да тренирате повеќе, но има време кога ви доаѓа
да кажате „Еј, олабавете ме..““ – вели ЦР7.
„На фудбалот
гледам како на мисија: да истрчам на теренот, да победам, да станам подобар.
Моментите кога излегував на терен и мислев „Ќе ги издриблам…“ повеќе ги нема.
Но луѓето и понатаму ве судат, ве критикуваат „Толку од него, има 33, 34, 34
години, треба да се пензионира“. Но јас сакам да ги изненадам сите “.