Јувентус минатото
лето приреди трансфер бомба и го ангажираше Кристијано Роналдо за 112 милиони
евра. Португалецот исто така доби и годишна плата од 30 милиони евра, па беа
поставени многу прашалници.
Пристигнувањето
на ЦР7 сепак предизвика лудило кај фановите на Јувентус, веб страната на онлајн
продавницата падна и беше недостапна со часови кратко по пристигнувањето на
официјалната потврда, а многу брзо „Старата Дама“ остана без дресови, бројката
7 и буквите од презимето Роналдо, па
фановите мораа да почекаат за дресот од новиот миленик.
Тогаш се
шпекулираше со различни бројки, некои велеа дека се продале дури 500.000
дресови за само една недела, па веднаш се појавија теорите дека трансфеот на
Португалецот ќе се исплати само од продажба на дресови.
Сепак, додјде
моментот да се види првиот ефект од оваа зделка, Јувентус денеска го одобри
финансискиот извештај за првите шест месеци од фискалната година (од 1. јули до 31. декември).
„Старата Дама“
има зголемување на приходите за 39,6 милиони евра (13,6%) во однос на истиот
период од пред една година, и тие сега изнесуваат 330.2 милиони евра (290.6
милиони во првата половина од 2017/18).
Но исто така се
зголемени и трошоците, особено оние за плата па Јувентус во овој период има
само профиот од 7.5 милиони евра што е за 35.8 милиони евра помалку од
претходната година (во првите шест месеци од 2017/18 профитот изнесуваше 43.3
милиони евра).
Зголемен е и
долгот, кој од 309.8 милиони евра скокна на 385.3 милиони евра и тоа најмногу
поради трансферот на Кристијано Роналдо.
Што се однесува
до продажбата на дресови и останати продукти, Јувентус остварил приход од 26.51
милион евра наспроти 14.65 милиони во истиот период од пред една година. Па
дури и ова да се должи само на Роналдо, разликата е 11.85 милиони евра, сума која покрива нешто над 15% од годишнта плата на Кристијано Роналдо (со данок,
платата на Рналдо го чини Јувентус 60 милиони евра годишно). Но ефектот
дополнително се намалува доколку во предвид се земе дека Јувентус има поголеми
трошици за купување на производите кои потоа ги продава и тоа од 5.8 милиони
евра, на 12.2 милиони евра.
Па доколку се
земе во предвид и ова, Роналдо од продажба на дресови и останати продукти донел
само 5 милиони евра ќар во првите шест месеци.
Трансферот на
Кристијано Роналдо треба да донесе и повеќе спонзори. Тука приходите забележале пораст од
43.3 милиони евра на 61.4 милиони евра и тоа благодарејќи на премијата која
Адидас им ја исплати од 15 милиони евра пред да започне новиот богат договор од
сезоната 2019/20.