Дајот Упамекано важи за еден од најперспективните дефанзивци во Европа, во неговиот договор има откупна клаузула од 42 милиони евра која важи од следното лето, па често се поврзува со трансфер во поголем клуб.
Во последно време Манчестер јунајтед се посочува како најсериозен кандидат за услугите на Французинот, но вечерва има многу мајтап на негова сметка откако РБ Лајпциг загуби со 5-0 на Олд Трафорд, а Маркус Рашфорд постигна хет-трик откако влезе во игра во второто полувреме.
„Толку го фалеа Упамекано, а Рашфорд го уништи за половина час“ – вели Мартин Кион, легендарниот дефанзивец на Арсенал го работеше дуелот на Олд Трафорд како стручен коментатор за БТ.
На социјалните мрежи пак има коментари дека сето ова била дел од планот на Оле Гунар Солшер за да се намали цената на Дајот Упамекано, и дека дефанзивецот сега вреди дваесетина милиони помалку.
Ole to Rashford: “Go lower that Upamecano’s price for us…”
Rashford to Ole: “No problem, gaffer.” pic.twitter.com/vRA0ivFwSR
— Stretford Paddock (@StretfordPaddck) October 28, 2020
Rashford has reduced Upamecano’s price tonight though. Taken off a good £20m off his transfer fee.
— E (@iamOkon) October 28, 2020
Don’t think Manchester United will activate Upamecano’s clause tonight……
— Jan Aage Fjortoft (@JanAageFjortoft) October 28, 2020